Новости

Мода и убавина

Модна транзиција: Невестинските фустани се претвораат во класични бели одела

Новонастанатата ситуација, невидливата војна, пандемијата не натера да се прилагодиме на некој нов стил на живот. Правилата се променаа во сите сфери од нашиот живот и можеби оваа транзиција и навистина ќе се случеше, но целиот тој процес на трансформирање ќе беше многу побавен за разлика од сега.

Истото се случува и во модниот свет. Промените се чувствуваат и на модната сцена, па така се повеќе модните дизајнери одбираат покежуал и лежерни варијанти, затоа што останатите, реално нема и каде да ги носиме. Модата се прилагодува на околностите, а штом станува збор за „категоријата“ венчаници, модниот избор на девојките се повеќе го избегнува клишето на „princess“ фустани или свечени модели, па наместо тоа, со оглед на околностите, се предлага поскромна варијанта и поудобни комбинации, помеѓу кои се наоѓаат и белите костуми или одела. Погледнете некои фтографии од ваквите модели кои сакавме да ги споделиме со вас, па се надеваме дека сме истомисленици во поглед на внесувањето на нешто ново кое навистина изгледаат убаво.

GOLD
To Top