Новости

Мода и убавина

Моника Белучи – дефинитивно најубавата жена во светот без конкуренција

„…И така, Бог ја направил жената!“ Можеби не постои совршенство, но Моника Белучи е најблиску до него. Совршената фигура, косата, нејзиниот лик, ја носат оваа ѕвезда на пиедесталот на вонвременската убавина.

Но, пред да ги погледнете фотографиите што следат, да ви поставиме прашање кое ќе ве натера да се замислите. Што ако Моника Белучи немаше самодоверба, беше повлечена, се движеше со наведната глава и едноставно немаше никаква доверба во себе си? Дали и тогаш ќе ја гледавме со исти очи? Не случајно го пишуваме овој текст, за да ве потсетиме дека самодовербата е клучен фактор до успехот. Моника Белучи е совршен пример за тоа, бидејќи има едноставна убавина, која и не би била толку многу „амбициозно“ сфатена од пошироката публика, доколку убавицата немаше таков „амбициозен пристап“ кон себе си.

Во една прилика и самата изјавила нешто околу ова:Убавината е хендикеп ако сте глупави, но не и ако сте доволно паметни за да знаете како да ја користите. Се чувствувам добро и пријатно во моето тело, но не затоа што сум убава. Знам многу убави луѓе и нивните животи се ужасни. Тоа е така затоа што воопшто не се сигурни во себе… Среќна сум што ме сакаат и имам поддршка за мојата кариера и општо мојот живот од моето прекрасно семејство, но верувајте без таа самодоверба, ништо од ова немаше да биде.“ – изјавила актерката.

Pinterest

Pinterest

Pinterest

Pinterest

Pinterest

Pinterest

Pinterest

Евротип
SNBROKER
To Top