Новости

Мода и убавина

Моника Белучи е главната дама на новата кампања на брендот Картие

Италијанската филмска легенда отсекогаш важела за муза на многу познати брендови за накит, а „црвениот тепих“ е она место каде светски признатата убавица ги промовира брендовите, носејќи исклучителни примероци.

Моника сега го се приклучи на
брендот Картиер во неговиот најновиот потфат и проект кој патува низ светот во режија на Шарлот Валас.

Италијанската дива е главната дама на оваа кампања, наспроти ѕвездите како Лили Колинс и Мејси Вилијамс. Иако носи нова верзија на култниот крокодилски ѓердан Картие, првично дизајниран за мексиканската актерка Марија Феликс во далечната 1975 година, Моника признава дека она што ја привлекува кон ова парче дијамант е помалку за карати, а повеќе за самата врска.

– Понекогаш тоа е само личен момент. Да, сите дијаманти се убави, но имам и обичен прстен од гранат кој го носам постојано затоа што ми го подари баба ми, а тој за мене има големо сентиментално значење – изјави актерката.

Моника ја припишува заслугата на нејзината мајка и баба кои и биле инспирација за стилот што го негува.

– Жените во моето семејство ме научија дека имаме право да се сакаме себе си и да одвојуваме време за лични задоволства – вели таа.

Таа додава дека грижата за себе е врвен израз на нашата женственост, која се рефлектира не само во нашиот стил и накитот што го носиме, туку и во начинот на кој се однесуваме кон себе.

Вакви лекции им пренесува и на своите ќерки, 17-годишната Дева и 11-годишната Леона.

Како и да е, мораме да признаеме дека оваа жена и во испарталени алишта би изгледала сензационално. Прочитајте повеќе во текстот тука.

Евротип
SNBROKER
To Top