Новости

Мода и убавина

Надвор од светот на Кардашијан – 8 Златни правила на француските жени

Тајната на нивниот беспрекорен изглед лежи во едноставни чекори
Иако клучот за француската убавина е во едноставноста и природниот изглед по кој претендираат тие жени, сепак се потребни некои напори за да се постигне тоа, но овие жени дефинитивно ги имаат своите тајни за убавина.

Кога зборуваме за Французинките, мора да признаеме дека тие никогаш не прават грешки. Од прекрасен дизајн на ентериер до софистицирана мода, Французинките знаат естетика, така што нивната рутина за убавина е беспрекорна.

Не се работи всушност за техниката или одреден производ, туку за односот со кој Французинките ја носат косата и шминката. „Je ne sais quoi“ е термин кој имитира еден вид безгрижност, оној што ја замаглува границата помеѓу совршенството и непоправливата убавина.

Не случајно секој сака да ги гледа, не мора свесно, но дефинитивно со восхит.

Правило 1: Пијте многу вода

Французинките знаат дека хидрираното тело и кожа се клучот за сјајниот тен. Хидратацијата не е добра само за вашата кожа, туку и за вашата коса и нокти, па дури и не бара многу напор.

Правило 2: Користете сув шампон

Една од првите работи на кои помислувате кога размислувате за убавината на Французинката е стилизираната фризура „Така се разбудив“. За да го постигнат ова, тие користат суви шампони, а потоа само ја ,,разбушавуваат” косата, без некои посебни фризури.

Правило 3: Што се однесува до шминката, помалку е повеќе.

Тоа не значи дека не можете да ги потенцирате очите или да носите некаков кармин на усните. Можете, само не во исто време. Изберете што сакате да нагласите. На пример, кај Французинките никогаш нема да видите ,,smokey eye” и црвен кармин во исто време.

Правило 4: Држете се до она што вaм ви одговара

Освен производи и техники, француската убавина е став; одразот на самодоверба доаѓа само од тоа како се чувствувате во вашата кожа. Тие секогаш се обидуваат да останат свои, такви какви што се – автентични и никогаш не отстапуваат од тоа. Значи, ако сте занесени од краткорочен тренд, сепак одберете што е вечно и што навистина ви одговсра вам.

Правило 5: Заштитен фактор е задолжителен

Фактот дека убавината на Французинките се чини дека е постигната лесно и без напор, не значи дека тие не обрнуваат внимание на грижата за кожата. Заштитен фактор е неопходен, дури и кога врне и тој ден не сте премногу активни, бидејќи заштитата на вашата кожа од сончевите зраци е основа на се.

Правило 6: Користете кармин како руменило

Едноставен совет? Обидете се да нанесите кармин на образите за свеж изглед, а потоа добро измешајте го. Создава рамномерна хармонија на вашето лице и не одзема место во чантата. Можете исто така да го ставите на носот за да и дадете на вашата кожа здрав и сјаен изглед.

Правило 7: Негувајте ги усните

Пред да нанесете кармин, важно е усните да изгледаат мазно и нежно, а тоа се постигнува со пилинг за усни што ги отстранува сите суви делови на кои карминот би се нанесил. Освен што ги храни усните и ги прави меки, пилинг ја стимулира и циркулацијата, што доведува до мало зголемување на усните.

Правило 8: Не стремете кон совршенство

Убавината на француските девојки не е во совршенството, туку во тоа да бидете верни на она што сте. Понекогаш е добро да се заборават сите погоре, бидејќи “c’est la vie”, а убавината треба да биде забавна.

Извор: Elle.rs

Евротип
Евротип
To Top