Направете го овој природен пилинг против целулит пред да одите на плажа

Целулитот е еден од најупорните женски „непријатели“, а го има скоро секоја жена во светот. Со доаѓањето на летото, „проблемот“ со целулитот станува се поголем. Додека да стигнеме на плажа, сакаме да го направиме што е можно поневидлив, а ОВА е совршената подготовка!
Дефинитивно ви треба квалитетен пилинг што ќе започне со циркулација и ќе ги направи несаканите „дупки“ помалку видливи на задникот и бутовите, а вие можете да направите многу едноставна верзија.
За овој пилинг, потребни ви се само три состојки – мелено кафе, фина морска сол и кокосово масло. Мириса генијално!
ПОСТАПКА:
Во шолја мелено кафе додадете 6 лажички стопено кокосово масло и 3 лажички сол.
Сите состојки добро измешајте ги.
ПРИМЕНА:
Пред да се туширате со четка од природни влакна, истријте ги местата со целулит за да започне циркулацијата и подгответе ја кожата да ги апсорбира состојките за пилинг.
Додека се туширате на влажна кожа, масирајте го пилингот со кружни движења.
Колку подолго масирате, толку подобри ќе бидат резултатите:
кофеинот од кафето ќе започне со циркулација и значително ќе ја затегне кожата, солените зрна ќе направат интензивен пилинг, а кокосовото масло ќе ја нахрани и омекне кожата.
