Новости

Мода и убавина

Натали Портман блескаше на премиерата на филмот „Thor: Love and Thunder“

Појавувањето на Натали Потрман на премиерата на филмот Thor: Love and Thunder, одржана во Лос Анџелес, не остана незабележано. Напротив, ѕвездата ги освои сите симпатии и со својот аутфит ги воодушеви фановите. Портман (42) им позираше на фоторепортерите во фустан кого никого не го остави рамнодушен.

Што се однесува до креацијата што ја носеше актерката беше краток фустан украсен со светки и штрас, од модното студио на Селин Париз, кој одлично ја истакна нејзината силуета. Кога станува збор за обувките, таа се одлучи за потпетици со ремени, кои на најдобар начин го заокружија ова модно елегантно издание.

Изгледот го истакнала со светкава нијанса од соодветната нијанса и црна маскара. Таа имаше неутрален кармин на устата додека ја обликуваше косата во ниска пунџа што и го отвора лицето.

 

Евротип
SNBROKER
To Top