Новости

Мода и убавина

На модната недела во Копенхаген е забрането вистинското крзно

Модната недела во Копенхаген, обично собира одличен тим од скандинавските земји и некои од најпопуларните локални брендови кои сакаме да ги следиме и купуваме.

Оваа модна недела е меѓу нашите омилени, бидејќи зрачи со природна атмосфера, што не може да се каже за слични настани во Европа. Она што е необично и падна во очите на јавноста и стана актуелна приказна за медиумите, е дека во Копенхаген и неговата модна недела се забрани носењето на вистинско крзно, што значи дека во сите прикажани колекции ќе се користи само вештачко крзно.

Со оваа одлука, Копенхаген им се придружува на Амстердам, Осло и Хелсинки, кои веќе го забранија крзното на нивните модни недели. Оваа одлука има поголема тежина ако се земе предвид дека во Данска извозот на крзно е профитабилен бизнис, згора на тоа, тие се меѓу водечките земји во светот во извозот на крзно.

Многу луксузни куќи, исто така, ја поддржаа оваа одлука или можеби се прилагодија на условите и се откажаа од крзното во своите колекции. Истите се предводени од групата Керинг, која има два хит брендови во своите редови – Гучи и Баленсијага.

Евротип
SNBROKER
To Top