Новости

Мода и убавина

Неколку правила за модниот свет за кои не советуваат французинките

Познато е дека овие жени никогаш не ги следат наметнатите правила. Најважен за нив, е природниот изглед и еве што според нив, една вистинска модерна дама, не смее да си дозволи:

Французинките никогаш не ставаат експлицитна шминка – За нив е најважен природниот изглед. И ако имаат пренагласен аутфит, тие единствено што можат да направат, е да ја искористат магијата на црвениот кармин.

 

Тие никогаш не ги експонираат брендираните алишта – ова едноставно е непишано правило во Франција. Покажувањето на брендовите на алиштата е комплетен кич според нивното око.

Не се плашат да облечат нешто секси, но сепак тоа ќе биде дискретно. – Една модерна Парижанка на пример, никогаш нема да ја видите во екстремно провакативно издание. За нив страста се зголемува доколку латентно ја наметнуваат, а мажите се оние кои ги тераат да замислуваат што се крие зад оној мал дел кој го „отскриваат“.

Французинките многу ретко носат високи пoтпетици – Ок, тоа го има на филмовите и знаеме дека сликата за овие дами е претставена како девојка со широк фустан до над колена, баретка, евентуален чадор и високи потпетици. Но, заборавете ги нив. Французинките се практични жени.

Блејзерот е секогаш тајното оружје на модерните жени – Мразат костуми, пренагласена шминка и израз на моќ која мора да се покажува и докажува преку аутфитот. Тие побрзо би ја избрале варијантата на џинс, ниски чевли и блејзер отколку на брендирано одело и задолжителни високи потпетици.

GOLD
To Top