„Не разбирам зошто треба да трошам толку време размислувајќи за староста“ – Сара Џесика Паркер за збогувањето со младоста

Актерката Сара Џесика Паркер проговори зошто решила да не ја покрива седата или бела коса што всушност за многумина асоцира и потсеќа на тоа дека животот одминува и старееме. „Не можам да губам време фарбајќи ја косата на секои две недели. Не можам да го сторам тоа. Не. Тоа е премногу!“, откри таа за магазинот Allure.
Од премиерата на продолжението на „Сексот и градот“ со наслов„…И токму така“, алтер егото на Кери Бредшо стана мерило за тоа како се носи природна боја коса. Фактот што хероината во серијата, е неоспорен пример за тренди дама, отворено носи седа коса беше изненадување за љубителите на серијата, но и за критичарите. Насловите кои ја фалат нејзината одлука да се откаже од фарбањето ги исполнија насловите на медиумите за животниот стил, а новинарите го опишаа „потегот на актерката како храбар“.
Откако лудилото стивна, и самата актерка потврдува дека претерала: „Се претворија во месеци и месеци зборување за тоа колку сум храбра што имам седа коса. Помислив, ве молам, аплаудирајте на некој друг! “ Покрај тоа, таа откри уште една тајна – во моментот на снимањето, таа не престана да се бои, туку нејзината коса природно блескаше на сонце.
Со оглед на тоа дека стареењето неминовно носи последици, новинарката на споменатиот медиум и го поставила и следното прашање: „Што би направиле кога би можеле да го вратите изгледот од пред 15 години?“ Сара Џесика Паркер одговорила дека би сакам да остане таква каква што е: „Би го имала само тој момент и веднаш би почнала повторно да стареам и 15 години подоцна би била на истото место“, беше јасна таа. Потоа додаде: „Едноставно не се грижам доволно“. Кога излегувам од вратата, сакам да се чувствувам добро, според моите стандарди. Не можам да ви кажам кои се тие стандарди. Но, знаеш какво е чувството да си ти, што и да значи тоа. Претпоставувам дека не се грижам доволно за мислењата на другите луѓе“.
Како и сите, така и Сара Џесика е свесна дека текот на времето остава одредени траги на човечките тела, но решила да не придава големо значење на тоа: „Едноставно не разбирам зошто треба да трошам толку време размислувајќи за тоа“. Згора на тоа, таа е фокусирана на уживање во секој ден и оптимистички се соочува со сегашноста.
Но, за жал, таа е некако осамена во ова. Според студијата спроведена од компанијата RoC, 90% од жените во Америка и Франција се загрижени за стареењето. Толку многу што повеќе ги загрижува физичкиот изглед што ќе ги натера да стареат отколку дали имаат доволно финнсии за да живеат во пензија.
