Новости

Мода и убавина

Норма Камали – Дури и во осмата деценија, американската дизајнерка не старее!

Гордо газејќи ја осмата деценија, оваа жена е репер за многумина и доказ дека можеме со дисциплина да го контролираме стареењето.Н

Норма Камали е позната американска модна дизајнерка (со корени од Либан и Шпанија), но е многу позната низ целиот свет по уште една работа – нејзината младост која го одзема здивот!

Имено, Норма има 71 година, а лицето и телото и изгледаат и ја прават најмалку 30 години помлада!

„Не се обидувам да се кријам од годините, претпоставувам дека затоа не можат да се видат“, рече Норма со насмевка и истакна дека никогаш не била подложена на пластична операција.

Напротив, нејзината тајна за младешка и затегната кожа во осмата деценија е потполно природна – зелен чај и маслиново масло, тврди Норма.

Она што исто така влијаеше на нејзината кожа да биде сјајна, мека и беспрекорна и денес, е тоа што таа никогаш не се нашминкала многу.

Единствените работи што не се природни на нејзиното лице се маскарата, карминот и моливот за очи што ги користи.

Покрај тоа што се грижи за својата кожа, Норма редовно вежба и јаде здраво, но инспирира и многу помлади жени да започнат да се грижат за својот изглед и здравје што побрзо.

Некои од нејзините совети:

*Користете лимон, зелен чај, маслиново масло и куркума во вашата диета и козметика

*Редовно вежбајте

*Избегнувајте апчиња

*Чувајте само здрава храна во куќата
Чешајте ја косата со дрвен чешел

*Пијте свеж сок од краставица и хлорофил

*Земајте витамин Д3

*Нанесете коцки лед од замрзнат зелен чај редовно на лицето и на очите

*Почестете се понекогаш со акупресура, акупунктура и тајландска масажа

*Бидете сигурни секогаш да имате доволно квалитетен сон

*Не јадете шеќер и преработена храна, тоа ќе ве остари за рекордно време

*Јадете авокадо, мед и ореви

*Пијте многу вода (на собна температура)

*Ако се чувствувате среќно, силно и моќно – ќе изгледате фантастично на која било возраст!

Евротип
Евротип
To Top