Новости

Мода и убавина

ОВАА ЖЕНА ИМА НАЈДОЛГА КОСА ВО СВЕТОТ – Еве ја причината зошто не сака никогаш да ја скрати и како ја негува

 

Јапонката Рин Камбе (42) 17 години, има коса долга дури 213 сантиметри, а не планира да ја скрати. Рин раскажува дека потребни и се два часа да ја суши со фен и вели дека често мора да ја врзе во пунџа за да ја крене од подот бидејќи и е многу тешко да ги извршува секојдневните обврски.

Потребно ѝ е повеќе од еден час да си ја измие и иако успева да ја врзе за само 10 минути, често мора да ја менува положбата на пунџата во текот на денот бидејќи косата и е толку тешка што ѝ нанесува дури и главоболка.

„Ако ја пуштам косата, имам проблеми со речиси сè што правам, толку лесно ми е да се сопнам. Не можам да одам ни во тоалет, а камоли да се пресоблечам или да јадам“, вели Рин и додава дека косата ја мие два пати неделно.

„Правам многу третмани, а после миење ја сушам. Потребно е еден час да се измие косата и да се направи третман и масажа, два часа за сушење, па нега и чешлање. Давам се од себе да не ја оштетам додека ја мијам. Сето тоа трае три часа. Чувствувам дека мојата коса е мојот скапоцен партнер во животот. Продолжува да расте секој ден“.

Обично, првата реакција на луѓето е да се запрашаат дали нејзината коса е права.

„Кога ќе дознаат дека е, најмногу се шокирани и импресионирани“, додаде таа.

Претходно, на почетокот на 2000-тите, Рин работеше како танчерка и во тоа време носеше кратка боб фризура која драстично се разликува од фризурата што ја има денес.

Тогаш решила да ја пушти косата бидејќи кратката фризура не изгледала доволно оригинално и впечатливо.

Интересно е и тоа што Рин со својата фризура сака да испрати уште една порака – да ја истакне јапонската култура, да ја направи што попрепознатлива, бидејќи долгата коса е симбол на јапонските принцези.

Евротип
SNBROKER
To Top