Новости

Мода и убавина

Овие парчиња облека доминираат во уличната мода за оваа зима и се моментален тренд

Знаeме дека светот на модата е оној кој најбрзо живее, па секој ден излегуваaт нови трендови и додека да го купиме омиленото парче, излегло нешто ново. Затоа, не би ви ветиле дека овие трендови можеби ќе се задржат долго, но во моментов се актуелни, а и некако прифатливи за повеќето од нас.

Веќе ни е добро познат терминот ,,предимензионирано”. До сега се сретнавме со предимензионирани или oversized фустани, јакни, палта. Овој пат станува збор за плетените блузи и џемпери кои годинава го следат правилото: ,,Што поголеми и поудобни, толку помодерни”.

Друг тренд кој преовладува на улиците низ светот се кошулите и блузите со ракави кои шират од под лактиците. Ова е малку необичен израз што го избегнува клишето за пуф ракавите кои шират од горниот дел или од рамената, а на долу се стеснуваат.

Меѓу останатите аксесоари, качкетите го доживуваат својот ,,big come back” и повторно се актуелни во однос на кежуал аутфитот.

Црвените чизми се повеќе се истакнуваат во комбинациите и се огледало и асоцијација на модерните жени, па избегаа од кичот кој им беше наметнат како лоша етикета долго време.

Евротип
Евротип
To Top