Новости

Мода и убавина

Овие патики чинат цело богатство, а изгледаат истрошено и валкано

Balenciaga објави нова серија патики наречена Paris Sneakers.

Патиките изгледаат старо, истрошено и валкано, а чинат над скоро 2000 евра.

На страниците на модниот бренд стои дека овој „класичен дизајн го толкува атлетизмот од средината на минатиот век“, и дека станува збор за обувки „за сите временски услови“.

Тие напишаа и дека на фотографиите во маркетиншката кампања се гледаат патики кои се целосно дотраени и валкани, што значи дека оние што се продаваат се уште се во малку попристојна состојба.

Идејата, објаснуваат тие, е дека овие „портрети“ на патики, направени од фотографот Леополд Духемин, „сугерираат како се направени патиките на Париз за да се носат доживотно“.

Сепак, се чини дека луѓето не се многу ентузијасти од оваа идеја и дека нивната кампања е главно смешна и бизарна.

„Конечно, моите стари патики ќе се вратат во мода“, „Некој штеди за да го купи ова!?“, „Но, 1 април беше пред еден месец“, се само дел од коментарите.

Некои дури сметаат и дека потегот на Баленсијага може да се протолкува како навреда на сиромашните.

Евротип
SNBROKER
To Top