Новости

Мода и убавина

Овие чизми се повторно во тренд: Неуништливи се, одат со се, а трендсетерки ги обожаваат

Мартинките беа исклучително популарни во 90-тите, а како што кажавме ретрото е ИН, па истите ќе се носат и оваа есен.

Честопати ни е доста тешко да избереме во што да инвестираме за време на сезонските попусти бидејќи изборот е огромен, парите никогаш не се доволни, а се чини дека ни треба се. Меѓутоа, доколку барате чизми кои ќе ви траат долго и нема да излезат од мода толку брзо – ви го предлагаме овој модел.

Удобните работни чизми дизајнирани од доктор Клаус Мартенс во 1945 година станаа врвна модна класика која со децении се спротивставува на сите модни трендови.

Сигурно и во најлудите соништа не можел да замисли дека неговиот модел на чевли ќе се носи со лесни летни фустани, шорцеви, плисирани и миди здолништа, комбинезони и фармерки, но овој модел ги владее улиците на модните метрополи и ден денес.

Евротип
SNBROKER
To Top