Новости

Мода и убавина

Овој тренд се ,,обновува” кај урбаниот лик на уличната мода

Тигрестиот, зебрестиот, змискиот… Сите животински принтови асоцираат на оваа есен. Трендот не е новитет на модната сцена, а особено брендот Версаче не се откажал од неговата моќ.

Но, оваа ,,есен – зима 2021 година”, се чини дека и останатите модни куќи претендираат кон големото враќање на истиот и одново го оживуваат.

До сега во преден план се експонираа само деталите и модните додатоци, чевлите, марамите, аксесоарите. Но, оваа сезона, во прашање се и останатите модни парчиња кои го зголемуваат ефектот, бидејќи принтот е во преден план. Во тој поглед, најактуелни се есенските палта со токму овој животински принт кој се враќа на голема врата во модниот урбан живот.

СН Брокер
To Top