Новости

Мода и убавина

Пижамите се дефинитивно омиленото парче облека и за во уличната мода

Не зборуваме прв пат за пижамите кои девојките ширум светот неодамна почнаа да ги носат по улиците во големите метрополи. Но, тогаш бевме изненадени од овој тренд и не гледавме толку претенциозен успех на ,,пазарот”. Но, се чини дека погрешивме.

Дали актуелната ситуација ја игра својата улога и пижамите дефинитивно станаа посакуван тренд од љубителите во модниот свет кој сега оди кон се повеќе комфор и удобност на моделите, не знаеме, но останува да го почекаме и кај нас првиот ,,јунак” кој ќе продефилира по нашите улици во пижами.

Сепак, тренд си е тренд нели? Немојте потоа да речите дека не сме ве предупредиле! Во продолжение погледнете слични модели кои навистина наликуваат на истиот материјал од кој се направени, а што ќе заклучите за нив, оставаме на вас.

GOLD
To Top