Новости

Мода и убавина

Понеделнички во црвено – Започнете ја неделата енергично и страсно!

Започнете ја неделава страсно. Во име на огнот и енергичноста што ја носи оваа боја, започнете го денот ичувствувајте се моќно.

Црвената ќе ве мотивира, ќе ве направи да се чувствувате сигурни и горди и ќе ви ја зголеми амбицијата со оглед на самодовербата што ја нуди моментот кога ќе се видите во огледало. Таму ,,една особа” би ви одговорила:,,Ти го можеш тоа!” Верувајте во себе и во приказната што сами ја креирате, но започнете од паковањето што ќе ве натера убаво да се облечете и од внатре. Ние веруваме во модни приказни, па колку и да ви звучи недискретно, филмски и лудо, парчињата облека играат релевантна улога во оваа трка.

Во продолжение погледнете ги овие стилски идеи на модни блогерки низ светот кои ги предлагаат варијантите на одела кои лесно можат да се претчат во кежуал варијанта (но, ,,штикли си се штикли” нели?! Храбро е да ја носите оваа боја со нешто исто толку моќно како неа. Но, сепак ни во другата варијанта не би погрешиле.). Пуф ракави, или класични модели. Траперки и широки панталони или летни варијанти на не толку романтични, ами драматични и сепак секојдневни фустани. Изборот е ваш. Ние сме тука само да ве инспирираме.

Евротип
SNBROKER
To Top