Празнична шминка за луксузен изглед на забавите

Празниците се одлична прилика за да ја изразите својшта креативност, не само со комбинирањето на моделите на облека, туку и со аксесоарите, додатоците, па и шмимката.
Плус, тоа е одлична причина да ја користите таа смела шминка што сте ја сокриле во вашата фиока!
Ова се најдобрите идеи за празнична и божиќна шминка што ќе сакате да ги испробате оваа година.
Нуди нијанса на кармин со нагласување и илузија за поголеми очи
Можеби трендот со пренагласени линии и фокусирањето на перфекционизмот во шминката како уметност, се менува, но забавите се секогаш повод за впечатлив изглед, па зошто тоа да не бидат очите.
Црвениот кармин за усни никогаш не посоодветен како за време на празничната сезона.
Бордо нијанса на кармин и минимализам во пределот на очите
French look или оној изглед кој го практикуваат французинките, се однесува на класичноста и елеганцијата која од своја страна не изобилува со премногу детали, сенки, тонери, пудра… премногу шминка. Карминот со боја на вино во комбинација со суптично нанесен ајлајнер, е полн погодок.
Чоколаден и златен,, make up” изглед
Оваа варијанта е покарактеристична за летниот период, но и за време на зимските празници секако дека е дозволена, изгледајќи луксузно и грациозно.
Smoky eуe и т. н. блинг – блинг додаток
Светките се секогаш неизбежниот момент кој асоцира на забавите. Овој тренд на нанесување на црната сенка станува евергрин, но со додаток на светки би имале ,,добитна шминка” за празничните забави.
