Новости

Мода и убавина

Предлог модна комбинација за доцна есен

Иако не сакаме да заврши, можеби полека се ближи крајот на нејзиното височество, па есенската кралица на романтиката, полека заминува.

Сепак барем уште малку сакаме да и се ,,изнауживаме”, зборувајќи за оној ситен ,,моден луксуз” кој само дамите можат да го вкусат, разберат, восприемат и употребат… Барем уште еднаш.

Не е правило дека комбинацијата не може да ја носите и во зима, но нам некако повеќе ни одговара за доцна есен.

Станува збор за дебела плетена блуза и плисирано или миди здолниште од други послаби материјали кои се комплетна спротивност од горниот дел. Совршениот микс од овие модни парчиња кои ја прават целата слика да изгледа кежуал и лежерен избор, може да ги комбинирате со чизми каубојки или чизми со змиски принтови. Во продолжение погледнете фотографии кои уште еднаш ќе ве потсетат колку го сакаме ова годишно време што полека се збогува до наредно видување во следната година.

Евротип
Евротип
To Top