Новости

Мода и убавина

Принцезата Дијана сеуште го инспирира модниот свет – Нејзиниот костум во боја на ванила се враќа на голема врата

Модните изданија на принцезата Дијана денес се толку влијателни што нивното повторно разгледување е речиси исто толку инспиративно како и гледањето на најновите трендови.

Лесно е да се уверите дека скоро секој актуелен моден хит претходно бил во гардеробата на принцезата од Велс. Без разлика дали станува збор за бои, дезени, парчиња облека, детали или стилски комбинации, можеме да кажеме дека оваа дама е инспирација. Еден од таквите примери, кои денес се актуелизира е костумот во боја на ванила, кој е дел од колекциите на водечките модни брендови, а се почесто и уличната мода.

Во случајот, нијансата на ванила, беше една од омилените бои на принцезата, па таа со задоволство носеше такви фустани, комбинезони блуи или во врска со насловот, блејзерот и шорцевите од токму оваа нијанса.

Евротип
SNBROKER
To Top