Новости

Мода и убавина

Сара Џесика Паркер – вонвременска модна икона!

Ок,знаеме дека е стара вест и воодушевувањата од сериалот кој имаше можеби најголема гледаност, веќе се во минатото, но во никој случај не се заборавени, особено штом зборуваме за стајлингот на модерната колумнистка од Менхетен, Кери Бредшо.

Врз основа на улогата во истоимениот филм, Паркер и тоа како продолжи со екстравагантните модели и комбинации и продолжи да носи аутфит кој во многу наврати, публиката го спореди со оној на Кери.

Како и да е, оваа актерка сега е бренд, вонвременска кралица на модата која преку милиони комбинации на парчиња облека, асесоари и чевли, многу пати не натерала да ги исфрлиме стереотипите и да веруваме дека токму во овој свет, не постојат граници штом зборуваме за креативноста. Само зборуваме за смелост и самодоверба! Бидете такви! Бидете свои, иновативни и креативни како што меѓу редови ни соопштувала Сара сето ова време.

Во продолжение, уживајте само во дел од нејзините совршени стајлинзи.

GOLD
To Top