Новости

Мода и убавина

Сара Џесика Паркер во стилот на нејзината хероина на премиерата на продолжението на хит серијата

…И токму така излезе и продолжението на серијата ,,Сексот и градот”, чие последно прикажување беше пред 16 години. Како што знаете, главниот лик го игра Сара Џесика Паркер, и еве не, повторно, со нетрпение ги очекуваме новите авантури на Кери Бредшо и нејзините пријателки. Крис Нот, кој го игра Ѕверка, јавно ја поддржа Сара во нејзиниот долгогодишен спор со Ким Катрал, која ја играше Саманта.

Но, сега нашето внимание е насочено кон изгледот на американската актерка на премиерата, одржана синоќа на големиот настан одржан во Музејот на модерна уметност во Њујорк. За овој голем настан актерката реши уште еднаш да остане доследна на својот лик и избра тоалета на еден од омилените дизајнери Оскар де ла Рента.

Кери без сомнение би го понела со себе, бидејќи таа е едноставно посебна. Станува збор за коктел фустан во комбинација од две бои, сино – сива и нежно розова. На прв поглед изгледа класично, но сепак има интересен пресврт. Го краси деколте во облик на срце и здолниште од тул од две текстури и бои, со вез од магнолија од сребрени конци. Ова би го издвоиле како најубав дел од креацијата, бидејќи Де ла Рента си поиграл со нијансите, за да го постигне посакуваниот ефект и на одреден начин уште еднаш да ја нагласи предноста на здолништето.

Не треба да се заборави и проѕирната наметка на рамената, додека сребрените детали со светки на сите парчиња од изданието даваа свечен и весел дух.

Сара Џесика Паркер го комплетираше изгледот со високи потпетици кои блескаат, а се дел од нејзината колекција. Чантата е со потпис на Ердем, а накитот е дело на компанијата за накит Larkspur & Hawk.

Дали ви се допадна оваа модна приказна?

Извор: Elle España

Евротип
SNBROKER
To Top