Новости

Мода и убавина

Светот на модата инспириран од традиционалните италијански ,,цртежи” над керамика!

Денес, се нешго зборуваме за Италија и се некако се ,,движиме” што појужно. Можеби токму жешкото време за некој момент не потсети на тамошната тропска клима. А штом сме кај токму таа тропска ,,ситуација”, изобилството на бои што може да се погледне и доживее во тие краишта, веројатно не постои на друго место. Рајот на земјата, тамошните уметници и оние кои внимаваат на негувњето на традицијата, го пресликуваат на керамички плочки, на саксии изработени од керамика, чинии, шолји, чаши, вази. На секаде има боја, свежина, светлина. Жолтата боја е оној главниот фундамент или онаа што доминира која всушност ги опишува овие места и ги поврзува со сонцето и лимонот како нешто што го има во изобилство на овие краишта.

Модните дизајнери, особено брендот на Долче и Габана, често е инспириран од шарите и традиционалниот дух на Јужна Италија, како и Сицилија, па на многу од нивните модни парчиња се пресликува токму таа страсна приказна.

Ако сакате да излезете од монотоната рутина на повторливите и наметнати трендови, еве ви предлог модна инспирација кој доаѓа со пакет приказна.

СН Брокер
To Top