Новости

Мода и убавина

Синди Крафорд со нова фризура што инспирира – Изгледа барем 10 години помлада

Синди Крафорд со леснотија ни ја покажа моќта на фризурата. Крафорд докажа дека летниот изглед на стилизирање на косата и разбушавените прамени, всушност можат да се носат во секое време од годината, а и возраста не е ограничена. Ако сакате промена на изгледот, еве ви инспирација.

Станува збор за фризура со средна должина со многу текстура, брановидност во прамените и финиш кој можете да го постигнете само на плажа – или со помош на квалитетен производ за коса. Со длабока разделба на страна и лесни прамени, стилот го создаде Димитрис Јанетос, а не потсети на фризурата на Синди од 1990-тите.

Оваа дама живее во Малибу, каде постојано грее сонце, но тоа не значи дека не би можеле да го емитираме нејзиниот изглед, подготвен за сонце и на плажа. Интересно е што, за текстура како нејзината, може да побарате спреј со морска сол за да создадете мирис на ветер во вашата коса. Можете да креирате динамика и со стајлер, а нежните бранови се секогаш добар избор.

Извор: Elle Si

Евротип
SNBROKER
To Top