Новости

Мода и убавина

Смел моден избор – Марго Роби на црвениот тепих во венчаница

Најубавата холивудска русокоса Марго Роби направи вистински моден ризик кога се појави на црвениот тепих во венчаница, но судејќи по коментарите – не погреши.

31-годишната актерка која многумина ја сметаат за една од најубавите во својата генерација, предизвика голема врева појавувајќи се на црвениот тепих во бела, тантела венчаница. Овој стајлинг без сомнение го привлече целото внимание на присутните.

Како амбасадорка на Шанел, Марго Роби ја сфаќа својата работа многу сериозно, а благодарение на ваквиот стајлинг, таа беше единствената работа за која се зборуваше на премиерата на филмот „Амстердам“, која се одржа во Њујорк.

На прегледот на филмот во режија на Дејвид О. Расел, во кој ја игра главната улога покрај Џон Дејвид Вашингтон, Кристијан Бејл и Рами Малек, актерката пристигна во бохо фустан кој беше украсен со тантела и го истакна деколтето со заводливи набори.

Она што е интересно е фактот дека фустанот што го носеше не само што личеше на венчаница, туку всушност беше. Имено, Роби се одлучи за аутфит потпишан од Шанел, но не каков било, бидејќи се работи за венчаница од колекцијата Cruise 2023 претставена во хотелот Монте-Карло Бич минатиот мај.

Беспрекорно елегантен со навестување на боемски стил, моделот на тантела имаше женствен акцентиран струк и изгледаше романтично и шик во исто време. Актерката го комплетираше изгледот со пар сандали со сребрена платформа, а букетот цвеќе виден на модната писта го замени со соодветна бела чанта.

Носењето венчаници на црвениот тепих не е многу вообичаено, но мораме да признаеме дека смелоста на Марго Роби навистина се исплати.

Евротип
SNBROKER
To Top