Новости

Мода и убавина

Сопругата на катарскиот шеик уште еднаш докажа зошто е модна икона: Се појавила на трибините и одржала модна лекција

Сопругата на катарскиот шеик Хамад бин Калифа ал Тани со секое свое појавување на Светското првенство во Катар воодушевува со модниот избор.

Шеика Моза бин Насер важи за една од најубавите жени во Емиратите и тоа со добра причина.

Оваа убавица која има 63 години е мајка на 7 деца, баба на неколку внуци, сопруга на катарскиот емир и жена која е вистински пример за елеганција и стил. 

Тоа го докажа уште еднаш кога се појави на натпреварот помеѓу Гана и Португалија. Моза често го комбинира традиционалниот стил со модерниот, а она што го носела кога во четвртокот се појавила на стадионот го осмислила сама. За нејзината замисла да се претвори во совршена модна комбинација се потрудил катарскиот бренд „Jabador“.

Таа уште еднаш воодушеви и вчера, кога се појави на јавен настан, а за таа прилика искомбинирала две нијанси на сина боја и уште еднаш покажа зошто е кралица на гламурот и стилот. Едноставниот фустан во дамски стил совршено се вклопил со раскошната наметка.

Инаку за стилот на првата дама на Катар пишуваше и познатото списание „Vogue“ кое ја смести во петте најдобро облечени жени на светот. „Vanity Fair“ ја прогласи за најубаво облечена дама со „сина крв“, а за Џулиен Мекдоналд таа е олицетворение на Џеки Кенеди.

Во продолжение, дел од нејзините изданија со кои го освои светот:

Евротип
SNBROKER
To Top