Новости

Мода и убавина

Тетоважите со во тренд како никогаш до сега

…И кога сме кај најновите трендови во поглед на модата и аутфитот, постои уште едно нешто со кое би го ,,покриле” телото, под парчињата облека. Станува збор за трендот на тетовирање кој моментно ја доживува својата најголема популарност.

Како и кај облеката, така и кај нив, се менуваат правилата. Па пред извесно време беа актуелни минималистичките ,,цртежи” и едноставните тетоважи особено кај девојките, но деновиве се случува некаква ,,еволуција”, па најмодерни се оние големите и експлицитни слики, букви, симболи и слично. Што повеќе е новото правило.

Но, трендовите се менуваат, а тука е тешко да се вратите и да поправите. Сепак, нам ни се допаѓа овој стил, но би ве посоветувале, доколку се одлучите да се тетовирате, добро размислете што секогаш ќе носите на вашето тело, па во однос на тоа внимавајте што ќе симболизирате и каква приказна ќе соопштува токму вашата тетоважа.

GOLD
To Top