Новости

Мода и убавина

Тренерките – популарен моден тренд на денешницата кој полека се прилагодува за во секоја пригода

Денес се повеќе се популарни тренерките како модно парче облека кое може да го носите во повеќе прилики. Сепак, тренерките сеуште немаат стигнато до вечерните пригоди и кодексот на облекување во деловниот свет, но денес воопшто не е чудно, тие да се видат како кежуал варијанта за одењето во кафетерии или долги прошетки.

Па ако порано, знаевме буквално да се „наконтиме“ со брендови, бои, материјали, тренди провокативни парчиња, фармерки, високи потпетици, денес сето тоа полека започнува да биде голем „Аут“, па се преферираат покежуал варијантите кои нудат пред се удобност, а потоа изгледаат модерно, но дури на крај од нив се очекува да направат да изгледате убави и згодни.

Во продолжение, инспирирајте се и прифатете го постоењето на овој тренд како најубава, но можеби и како што рековме, најудобна кежуал варијанта.

Евротип
Евротип
To Top