Новости

Мода и убавина

Трик кој го обожаваат фризерите! – Ако ја додадете оваа состојка во шампонот, конечно ќе имате здрава и негувана коса

Веруваме дека никогаш не би ви паднало на памет да ја додадете оваа состојка во шампонот, но според жените кои го пробале овој рецепт, резултатите се исклучителнo ефикссни.

Додека се грижиме за нашата коса, се фокусираме само на влакното, додека целосно го забораваме коренот на истото. Тоа е голема грешка, велат фризерите, бидејќи само ако се негува скалпот, можеме да очекуваме дека косата ќе изгледа здраво и сјајно.

За да биде здраво, потребно е повремено да правиме пилинг, исто како што правиме со кожата на лицето. За ова не ви треба скапа подготовка. Се што треба да направите е да додадете лажица шеќер во шампонот со кој вообичаено ја миете косата.

Токму тој ќе направи нежен пилинг и ќе ги отстрани мртвите клетки кои го блокираат растот на убава и негувана коса. Покрај тоа, тој ќе овозможи подетално миење и ќе овозможи регенераторот да навлезе подлабоко и подобро да ја нахрани самата коса, особено коренот кој како што кажавме има релевантна улога во негувањето.

Евротип
SNBROKER
To Top