Новости

Мода и убавина

Удобно и кежуал, а сепак деловен Дресс – код за т.н. бизнис дами!

Штом станува збор за мажите и нивниот аутфит, кај нив е секогаш полесно. А штом велиме полесно мислиме дека горе – долу тие што и да носат се чувствуваат удобно и пријатно.

Но, штом станува збор за жените, дрес кодот кој тие треба да го почитуваат во деловниот свет, тоа подразбира многу помалку удобност.

Време е да се разрешат тие верувања или стереотипи и да се почне да се наоѓа баланс помеѓу трите работи и тоа: удобното, деловното и она што се нарекува кежуал.

Во тој поглед, одберете некои доволно широчки панталони во кои ќе се чувствувате удобно или одберете го нивниот и материјалот на кошулите и сакото. Гледајте тој да биде пријатен затоа што имајте на ум дека ќе го носите повеќе часови.

Комбинирајте со ниски штикли и заборавете ги високите потпетици кои ви создаваа ужасна болка или одберете ја најкомфорната варијанта, патиките. Барем денес сето тоа е возможно. А меѓу нас девојките, епа богами пристигнале нашите 5 удобни минути во модниот свет!

GOLD
To Top