Новости

Мода и убавина

Францускиот маникир ги губи своите пет минути – Во мода е нешто сосема друго

Француски маникир е одличен, но сега ноктите се носат на британски начин!

Социјалните мрежи со години се една од најдобрите дестинации каде што можете да најдете инспирација за различни теми – од готвење, облекување, егзотични места до патување. Секако, големо внимание ривлекуваат и креативците кои во светот на модата донесоа многу новитети, а меѓу нив е и Harriet Westmoreland која ги споделува на Инстаграм нејзините вештини за обликување и грижа на нокти. Таа го воодушеви светот со својот препознатлив маникир кој го нарече „британски маникир“.

Совршенство на едноставноста

Накратко, „британскиот маникир“ би можел да се опише како совршенство на едноставноста. Хариет ја воодушеви својата клиентела со промовирање на кратки нокти, заоблена форма, едвај присутна боја и неверојатен сјај.
Овој стил на нокти е толку прифатен што од ден на ден станува се попопуларен. Се испостави дека на многу жени им се допаѓа, бидејќи не оптеретува, совршен е за работа, секојдневие и сите други прилики, а најважно од се, многу дами изјавуваат дека со вакви нокти се чувствуваат чисто и свежо.

Потребни се три слоја

За ваквиот изглед на ноктот потребно е да се нанесат три слоја облога на ноктот, со што на површината на ноктите ќе и се даде праскав проѕирен сјај. Ефектот се постигнува со помош на подлоги за нокти, претежно безбојни, но за оваа прилика потребна е онаа со минимум праска нијанса, нуди или „боја на кожа“. За уште подобар ефект, потребно е да додадете слој нежно розев лак, кој е речиси проѕирен. И пред се, се нанесува безбоен лак со висок сјај, таканаречениот „top coat“ – финална обвивка која ќе ги „заклучи“ сите слоеви одоздола и на ноктите ќе им го даде потребниот сјај.

Подготовка пред маникир

Пред британскиот маникир, неопходно е да се подготват ноктите. Еднаш неделно, на вечер можете да втриете мешавина од природен путер или масло од јојоба во кутикулата и ноктите. Ставете памучни ракавици на рацете и оставете ги на нив преку ноќ. Во текот на денот користете богата, мрсна крема за раце. Пред да започнете со нанесување на лакот, добро е со четка да ги истриете ноктите и кутикулата околу ноктите.

Во продолжение погледнете како изгледа овој свеж стил кој успеа да го симне од пиедесталот францускиот маникир.

Евротип
Евротип
To Top