Новости

Мода и убавина

Хајди Клум во костум со кој уште еднаш докажа дека е ненадминлива во поглед на модните избори

Германско-американскиот модел уште еднаш ни докажува дека е ненадминлива во поглед на модните избори. Откако неодамна се осмели да комбинира мини фустан – макси чизми, а претходно се појави и во тексас издание од глава до пети, Хајди Клум овој Понеделник прошета во шик костум.

Клум беше видена на улиците на Лос Анџелес во друштво на нејзиниот асистент, познатиот советник за стил, Тим Ган, со кого сега ја води модната серија Amazon Prime, наречена Making the Cut. Во костум со панталони во розова боја, 48-годишната ѕвезда покажа дека и на најкласичните комбинации на облека може да им се даде поп и трендовски шмек.

Веќе имавме можност да се увериме дека ова е еден од трендовите оваа сезона, кога Кортни Кокс беше фотографирана во сличен костум.

Хајди Клум одигра на сигурната карта, па модното издание го комплетираше со црвени салонки, очила со проѕирни розови очила и чанта од вештачко крзно од брендот Moschino, во иста боја.

Погледнете го ова модно издание во овој текст од нашиот извор од магазинот Еlle France

Евротип
SNBROKER
To Top