Новости

Мода и убавина

Црвена боја за коса – За драматичен, маркантен и уникатен есенски изглед

Во секој период од годината како да некако посакуваме да се слееме со атмосферата, времето, моментите. Како да чувствуваме огромна латентна потреба да и парираме на природата, а тоа го правиме без или едвај да заприметиме.

Но, модниот свет е оној кој ја раскажува и докажува најдобро оваа приказна или токму нашата облека, аутфит, комбинации, детали и нашата фризура сведочат за таа наша наметлива природа да бидеме дел од годишното време.

На ред е најромантичниот период. Драматичен, поетичен, маркантен и единствен. Есенскиот ден носи посебно волшебство, а кога би бирале боја или нијанса од неговата палета би ја избрале токму оваа. Погледнете и инспирирајте се за есенски нов изглед со бујна коса и уникатните нијанси на црвената боја.

Евротип
SNBROKER
To Top