Новости

Мода и убавина

Црното е елеганција, црното е класика, црното е зараза!

…И да, навистина! Црното е елеганција, црното е класика, црното е зараза! На многу од девојките им се случуваа оваа ,,луда пасја” или буквална зараза од црната боја. Едноставно плакарот изобилува во црно. Правилото е дека нема правило, па ако не ви пречи тоа што на полиците нема друга боја и сте навистина уверени во ,,сјајот” што латентно го изрсзува таа, погледнете го ова модно парче облека.

Станува збор за фустани изработени од свила или налик на ваквиот материјал. Тенките прерамки над рамениците им даваат елеганција на ваквиот модел, но во комбинацијата со црни масивни чевли, тие изгледаат некако чудесно моќно, би рекле ,,underground” и опишуваат една приказна зад која стои девојка што не ги слуша правилата, има цврст став, голема самодоверба и свој стил.

Кај нас е така. Веруваме дека секое парче облека соопштува нешто за личноста што одлучила на себе да го носи конкретниот модел. Треба храброст за некои модели. Треба верување во себе си и се зависи од расположението во текот на денот.

Облеката може да е огледало на една душа, но од своја страна, може да биде и совршена маска под која ќе сокриете нешто што сакате да остане мистерија.

GOLD
To Top