Новости

Мода и убавина

„Штом не мора да се облекуваш како сите останати, не ни мора да мислиш како нив“ – Ирис Афел со извонредни цитати за модата

Модната икона Ирис Афел ја подигна свеста во светот на тредовите на едно поинакво ниво. Таа себе си се нарекува „најстарата тинејџерка на светот“ и со нејзиниот моден стил што изобилува со колиритност, ексцентричност и максимализам, докажа дека не е само младоста релевантен фактор за да го изразиш својот стил и да го облечеш она што го сакаш.

Во овој контекст издвоивме неколку мудрости кои таа ги споделува со светот што навистина фасцинираат, бодрат и зборуваат многу за модниот пристап.

„Штом не мора да се облекуваш како сите останати, не ни мора да мислиш како нив!“

„Не се облекувам за да ме набљудваат, се облекувам за себе!“

„Ако не се познавате себеси, никогаш не можете да имате одличен стил. Никогаш нема да бидете живи. За мене, најлошата грешка во модата е да се погледне во огледало и да не се препознаате себе си!“

„Само треба да верувате во своето лудило“

„Староста е новото црно!“

„Никогаш не купувам нешто што е ин и тренд или нешто што се наметнува како „must have“. Едноставно го купувам она што го сакам!“

„Одличниот стил, всушност е онаа екстремна љубопитност што сме ја покажале кон себе си!“

„Најелегантните луѓе што ги познавав во мојот живот, немаа пари!“

Евротип
SNBROKER
To Top