Новости

Мода и убавина

Љубовни парови што се облекуваат исто – идеја што не би ја прифатиле ,,балканските мажи”!

Постојат љубовни парови кои не го напуштаат домот без да бидат ,,во тон” со партнерот до нив.

Стилскиот однос кон модата и комбинирањето на аутфитот, некои луѓе го сфаќаат многу сериозно. Ние би констатирале:,,Па зошто да не!” Модата и убавината најпрво ја перцепираат очите, а за оние што знаат да читаат меѓу редови, може да откријат и приказна што се крие зад облеката.

Овие љубовни парови се секогаш во стилски совршен аутфит кој мора да му одговара на партнерот. Па така, можеби трудот што го вложувате мислејќи за тоа што ќе облечете, во овој случај е дуплиран бидејќи треба да внимавате и на она што го носи тој до вас.

Нам баш ни се допаѓаат, но балканските мажи, повеќе кон ова би имале ,,саркастичен” пристап и би размислиле околу идејата да изгубат часови покрај плакарот за да бидат ,,во тон” со нивните партнерки. Ова е наша констатација што не мора да е точна, но веруваме дека многу од девојките и жените би се согласиле околу истата.

GOLD
To Top