Новости

Мода и убавина

Ќерката на Моника Белучи во јоргован фустан ,,го топи” јануарскиот мраз и изгледа сензационално

Генетиката е чудо, а еве и доказ. Убавата ќерка на Моника Белучи ја остави јавноста без зборови кога таа се појави во јоргован фустан и како да ,,го топи” јануарскиот мраз.

Ѕвездата на меѓународната модна писта и насловната страница во подем Дева Касел, ќерката на Моника Белучи и Винсент Касел, повторно изненадува на Инстаграм со својот сензуален стил.

Иако е ќерка на позната актерска двојка, манекенката нема навика на социјалните мрежи да објавува детали од личниот живот, оние најинтимните и најскриените.

Напротив, нејзиното катче на Инстаграм е наменето за промовирање на новитети на деловното поле, па затоа е можност за сите нас да прелистуваме фотографии зад сцената.

Дева сега ни дозволи да ја видиме нејзината најнова работа, која е снимена низ објективот на фотографот Бастијан Бараде, каде младата дама носи прекрасен виолетов фустан „Dolce & Gabbana“.
„Lay low“. Нејзините 604.000 обожаватели беа воодушевени.

Не е изненадување што фустанот е потпишан од сицилијанско дуо, бидејќи Дева со години е заштитно лице на брендот „Долче и Габана“, а за нив парадираше во Венеција за време на филмскиот фестивал во 2021 година.

Евротип
SNBROKER
To Top