Новости

Мода и убавина

Џенифер Лопез беше вистинска божица на гламурот во модното шоу на Долче и Габана во Венеција!

Џенифер Лопез веројатно е на врвот од нејзината популарност. Очигледно холивудската ѕвезда е најповеќе барана од страна на воопштено целиот свет во шоу бизнисот.

Имено во Венеција, модната куќа Долче и Габана направи шоу, претставувајќи ја својата нова колекција Алта Мода.

Џенифер Лопез, Хајди и Лени Клум, Шерон Стоун, Кити Спенсер, Хелен Мирен, Сиара, Моника Белучи беа само некои од познатите ѕвезди кои дојдоа да го поддржат дуото Стефан Габана и Доменико Долче, облечени во нивните модни комбинации.

Најистакната беше Џеј Ло, која предизвика овации со своите кралски алишта. Носеше екстравагантна долга цветна наметка, поврзана со панталони и топ во слична раскошна шема, оставајќи ги сите без здив и надополнета со тијара на главата.

Дивата дојде на плоштадот Свети Марко во Венеција, каде што се одржа историската модна ревија со брод и се прошета во црни и златни потпетици, но без придружба.

Нејзината лична линија ,,Jlo Beauty” беше одговорна за шминката и сјајот на нејзиното лице, а дивата беше толку воодушевена од нејзиниот изглед што во ова издание прикачи серија фотографии на својот Инстаграм профил.

Евротип
Евротип
To Top