Новости

Мода и убавина

Џинс принтот што се носеше во 2012 се враќа на модните „писти”

На сите ни беше малку тешко да се вратиме во т.н. модна шема, па да излеземе од кежуал варијантите и тренерките кои (да си признаеме) ги носевме 24/7. Полека повторно се навикнуваме на високи потпетици и се враќаме во модниот трендовски колосек.

А она што во меѓувреме се случува на модната сцена, зборува за една приказна во која се случува големиот ,,come back” на ретро стиловите. Кога сме кај минатото, овој пат зборуваме конкретно за 2012 година кога, ако се сеќавате, најмодерни беа фармерките или испринтаниот џинс. Нешто после тоа, тренди беа и тексасните јакни ,,исцртани” со колоритни уметнички слики, но да се навратиме на џинс – панталоните. Овие модели повторно се враќаат во полн сјај и веројатно ќе се задржат и оваа есен.

Ваквиот дизајн, со отпечатени принтови, колоритни шари и бои, го забележавме и кај влијателните Кајли Џeнер, Бела Хадид, а и на многу други модни инфлуенсерки и блогерки.

Освен што се невообичаени, тие можат да се персонализираат и да ја прикажат вашата личност на најавтентичен начин.

Во продолжение, погледнете за што зборуваме.

Евротип
Евротип
To Top