Новости

Мода и убавина

Џоана Ортиз – име кое обожаваат да го носат светски познатите ѕвезди

Своите колекции ги претставува во познатото модно списание „Вог“, а познатите дами обожаваат да ги носат нејзините креации. Фустаните и комбинезоните што ги дизајнира оваа модна дизајнерка што потекнува од Колумбија, пленат со женственост и сексапил.

Џоана флертува, освојува, освежува со своите креации, а она што ги карактеризираше беше постоењето на многу волумен, слоеви, впечатливи бои, но и заводлив латино стил. Деновиве, таа претендира кон поедноставен и елегантен стил кој и покрај се, ги заслужува погоренаведените ласкања и безброј комплименти упатени на нејзина адреса.

Ви ја претставуваме нашата омилена колумбиска модна дизајнерка – Џоана Ортиз.

Евротип
Евротип
To Top