Новости

Мода и убавина

3Д маникир – За ексцентриците или за пошироката модна публика?!

Трендот за 3D маникир започна во Кореја пред да се пробие низ целиот свет и да се најде на рацете на некои од славните личности.

Обично, акцентот се става врз додавање на форми над ноктот со различни тематики како цвеќиња, капки вода, па дури и гумени ситни цртани ликови. Се зависи од вашиот стил и афинитет. Секојдневен, невообичсаен или инстснт инспирација.

Овој нетипичен и до некаде чуден маникир, како што кажавме, го прифатија и славните личности како Ники Минаж, Карди Б, Кејти Пери и Кајли Џенер.

Во продолжение погледнете како тоа изгледа, но наше е да си го кажиме заклучокот, а тој вели дека според нас овој тренд му припаѓа на ексцентриците, па ако се пронаоѓате во таа група, повелете и инспирирајте се!

Евротип
Евротип
To Top