Новости

Мода и убавина

3 Најпопуларни боб фризури за оваа сезона

Од сезона во сезона, т.н. боб фризури, се враќаат на модната сцена и се омилен предлог кај стилистите.

Всушност, ние би рекле дека ова е безвременски стил, но сега е попопуларен од кога било. Во зависност од вкусот, ова се најпопуларните фризури кои деновиве ги преферираат девојките.

Таласеста

Оваа фризура ја сакаат жените ширум светот. Не е тешко да се направи, а идеална е за вечерни излегувања.

 

Разбушавен боб

Многу е лесен за одржување. Неговата должина се протега веднаш над клучната коска, а благодарение на подолгите прамени и кркмите кои се пренесуваат на страна, дозволува фантастична структура и волумен. Најпогодна е за природно брановидна, густа коса, но одлично се вклопува и кај ретка коса, се разбира, со помош на крема за обликување. Без разлика на текстурата на косата, нема потреба да користите фен, бидејќи оваа фризура, како што кажува и нејзиното име, најдобро изгледа кога е неуредна.

Асиметрична

Магијата на овој елегантен стил, кој одговара на густата коса, е целосно на ваша страна: длабоката разделба на страна ви дава целосна слобода, а самиот изглед ги омекнува и најгрубите црти на лицето. Идеален е и за дневни и за вечерни варијанти.

Евротип
Евротип
To Top