Новости

Мода и убавина

30 години КАРМЕН! – Битолски бренд што секогаш Е ЗА ВЛАКНО ПРЕД ДРУГИТЕ

Со неговиот професионален потпис, Диме од Кармен навистина е ЗА ВЛАКНО ПРЕД ДРУГИТЕ!

Не се воопшто малку 30 години, кога вака ќе размислам. Но исто така знам, дека мене ми поминаа како миг, затоа што од секогаш сум имал со себеси најдобар тим. Тим кој е со мене со години.” – Изјави Диме 

– Ние сме семејство, оттука и тој амбиент во кој оној кој доаѓа, се чувствува пријатно. Работата ме носела на сите страни на светот, сум учествувал на бројни светски настани поврзани со мојата професија, но секогаш на крајот на денот сакав да бидам дома, во БИТОЛА…” – низ емоции зборуваше Димче Ивановски потенцирајќи дека без неговите клиенти, КАРМЕН немаше да биде ништо.

Инаку, пред Кафе Централ на Плоштадот Магнолија, се одржа сензационалната прослава на 30 годишнината на фризерскиот салон.

А што се однесува до клиентите… Тие во Кармен нема за што да се грижат. Димче, Весна, Нона, Цвете и Наташа, се маестрални во својата работа и зборуваат за уште една наша битолска приказна, што успеа да создаде бренд кој секако дека е…

,,ЗА ВЛАКНО ПРЕД ДРУГИТЕ! “

Евротип
SNBROKER
To Top