Новости

Мода и убавина

4 Најпопуларни бои за пролетта 2018

И оваа пролетна модна сезона ќе доминираaт свежи бои, а на овие четири прекрасни нијанси ќе биде тешко да им одолеете. Откријте кои се и вклучете ги во вашата пролетна гардероба:

Пудреста розова
Во исто време романтична, нежна и совршена пролетна нијанса која многу добро се вклопува со секоја друга боја од вашиот аутфит. За разлика од светло-розовата, таа не е нападна и се вклопува совршено со сите други бои, така што нема да имате проблеми со нејзиното комбинирање.

Жолта
Минатата година бевме вљубени во жолтите фустани, а некако љубовта ни останува, така да и оваа пролет ќе ја видиме оваа радосна боја во нашиот плакар и тоа особено ако сте една од оние девојки кои сакаат да бидат забележани. Тогаш, жолтата е совршена боја за вас. Само еден жолт детал ќе даде свежина на секоја од вашите комбинации, а воопшто не би гледале со критички насторено око, доколку сте облечени во жолто од глава до пети.

Смарагдно зелена
Исто како цветниот дизајн, зелената боја е популарна секоја пролет. Може да се каже дека смарагдно зелената е новата црна, бидејќи е подеднакво лесно да се комбинира, но сепак е малку повеќе радосна, што ја прави идеална за сите љубители на најтемните бои.

Лаванда

Лавандата е исто толку нежна романтична и совршена како пудресто розовата боја и модниот свет е вљубен во неа и нејзиното дозволливо лесно комбинирање.

 

Студирајте на БАС
To Top