Новости

Мода и убавина

6 Работи кои една жена треба задолжително да ги има во својот плакар после 30тата

Веќе на триесет години, сите сме свесни, дека треба да знаеме што е она што задолжително треба да го имаме во својот плакар. А за оние кои сеуште се мислат, еве малку помош:

Црн класичен фустан кој одговара на секоја прилика

Тој е оној фустан кој секогаш би ви излегол во пресрет, односно би го облекле во оние моменти кога нели, „не знаете што да облечете“. Бидејќи е тоа женско познато правило каде ние никогаш немаме што да облечеме и покрај купот алишта, овој фустан е задолжителна добитна варијанта.

Pinterest

Црни високи потпетици

И чевлите се исти како фустанот. Тие мора да се наоѓаат во орманот, или во оној дел кој го пребарувате кога не знаете што да носите.

Црвен и кармин во боја на вашата кожа

Карминот е составен дел од вашиот „make up“ изглед, а за секогаш да изгледате совршено феноменално, имајте ги овие две варијанти. Што и да носите, нема да погрешите ако добро искомбинирате. Обично за кежуал варијантите е карминот во боја на кожа и обратно, но деновиве се менуваат работите и слободно можете да носите црвен кармин во секоја прилика.

Капут и мантил во неутрална боја кои лесно можете да ги искомбинирате

Pinterest

Марама

Штом сме кај асесоарите, освен задолжителниот накит, чантите и се останато од тој аспект, задолжително имајте марама со помош на која ќе ја сокриете лошата фризура. Секако дека марамата може да ја користите и поинаку, но во контекстов, таа би била задолжителен детал за вашиот „hairstyling“.

Pinterest

Патики за најкежуал излегувања и состаноци

Сепак имајте ги и патиките до оние погоренаведените високи потпетици, затоа што денес, се повеќе модерни опуштените состаноци кои избегнуваат стереотипи и ромнтични вечери во скоцкано совршени ресторани.

Pinterest

GOLD
To Top