Новости

Мода и убавина

7 Модни закони на совршените жени! Вака се постигнува безвременска модна икона!

Тие немаат гардероби преполни со облека. За време на продажбата тие не чувствуваат импулсивна шопинг треска и инстинкт за да купат модел на маица во сите бои само затоа што е намалена за 50 проценти.

Од другар страна изгледаат ладнкрвно и како да никогаш не ни се замараат за нивниот моден аутфит. Вистината е сосема спротивна, а нивните закони можат да ги следат само тие.

1. Никогаш не паѓаат во очигледно наметнатите најнови трендови. Додека некои чекаат секоја сезона да летнат во продавниците и да се здобијат со препознатливиот трофеј што вика “Јас сум во тренд”, жените со стил не го преферираат тоа ни од далеку. Тие никогаш не носат облека само затоа што таа е препорака на некоја филмска или музичка естрадна ѕвезда.

2. “Квалитет, а не квантитет” е нивната мантра. Тие немаат гардероби преполни со облека. За време на продажбата тие не чувствуваат импулсивна шопинг треска и инстинкт за да купат модел на маица во сите бои само затоа што е намалена за 50 проценти.

3. Тие се опседнати со кошули. Можеби вие јаа поврзувате кошулата само со формални ситуации, но жените со стил знаат дека ова е една од најраспространетите облеки. Тие се носат на плажа во раскопчана верзија, а на бизнис состаноците вовлечена и испеглана варијанта со тесно класично здолниште. Нивната најубава боја на кошула е бела или светло сина боја.

4. Сакаат чевли повеќе од чанти. Тие посветуваат поголемо внимание на она што го носат на нозете, наместо она што би им висело од рацете. Кога имаат вистински чевли, остатокот од комбинацијата едноставно се решава самостојно. Во текот на денот тие сакаат едноставни чевли со рамни стапала или ниски потпетици. Но, навечер ја пуштаат својата фантазија и не само што носат високи поптпетици, туку и избираат различни модели, од оние со панделки и кадифе до оние со златен вез или модели со глава на змија и слично.

5. Никогаш не ја пренагласуваат шминката. Тие веруваат во француските дами и тој моден природен свет.

6. Секогаш внимаваат на кожата. Кожата е многу важна. Тие ја негуваат и секогаш гледаат да им е мазна и сјајна. Во спротивно и со најмали пробеми, тие не би излегле во јавност.

7. Никогаш не прават радикални промени во нивниот изглед. Како на пример, ваквите безвременски дами, користат еден ист парфем кој им е препознатлив знак и кој зад себе го остава нивното присуство. Знаат што прават нели?

Евротип
SNBROKER
To Top