Новости

Мода и убавина

„Barbie pink“ или розовата боја, се враќа во мода по подолго време

…Ех, тоа беа некои луди розови времиња некаде во периодот од 2000 до 2004 година, кога преовладуваше тој тренд. Оваа боја доминираше на секое модно парче. Розови јакни, розови палта, розови чевли, чизми, сандали, розови здолништа, сакоа… Тоа беше розов свет. Барем за мене.

Но, гледајќи го од страна или од денешна перспектива, малку бил и смешен. Барем така мислев до пред неколку секунди, се додека не видов дека розовата боја повторно се враќа на модната сцена. Оваа пролет 2021ва да се потсетиме на тие розови времиња и да му дадеме боја на животот, па и да беше смешно…Подобро беше. Доста е тажно, време е за розов аутфит.

Во продолжение, погледнете ги овие модели во оваа „Barbie“ нијанса, а ако е премногу за вас, не грижете се, спектарот на бои е огромен, важно е само да се чувствувате убаво и светло од внатре. Затоа што залудно е розово, ако само ја глумите Барби.

 

Евротип
SNBROKER
To Top