Новости

Мода и убавина

,,Must have” парчиња облека за истовремено да изгледате елегантно и секси!

Секоја девојка сака да изгледа убаво и елегантно. Но, над целиот тој ,,строг” изглед, може да се додаде и нешто што ќе направи истовремено да изгледате и секси! Едноставно, треба да знаете неколку едноставни правила, па според minimagazin, погледнете како најлесно можете да го постигнете ова:

Штикли или високи потпетици

Еден од најлесните начини да изгледате секси и елегантно истовремено е да носите потпетици. Ако сакате допирот на елеганција да го дополните со секси изглед, тогаш во никој случај не следете го правилото дека ултра високите потпетици се за вас – висинатс на потпетицата треба да е помеѓу 3,5 до 7 см.

Пунџа или ,,растурен” кок

Ако вашата коса е доволно долга, можете да направите пунџа која е секогаш шик. Лесно е да се направи и можете да ја носите на неколку начини – во средината, на задниот дел од главата, на горниот дел. Оваа фризура можете да ја носите и во дневни и во вечерни варијанти.

Тесно здолниште

Тесното здолниште е парче облека што мора да го имате доколку сакате да изгледате елегантно. Тоа е апсолутно секси, женствено и претставува класично парче кое никогаш не излегува од мода.

Црвен кармин

Можете да ја сакате или да ја мразите црвената боја, но факт е дека црвениот кармин е апсолутно секси! Можеби мислите дека не ви одговара, но има нијанси кои одговараат на секоја жена. Исто така, црвениот кармин во комбинација со црвениот лак е сигурен знак дека буквално сите ќе ве забележат.

Хулахопки

Ако сакате да постигнете вистинска елеганција, носете хулахопки. Дури и тогаш кога никој не ве гледа. Исто така, би било паметно секогаш да носите резервен пар со вас, во случај да се ,,уништат” оние што ги носите. Тие само ќе го зголемат ефектот за вашиот сексапил и елеганција, а нозете ќе изгледаат божествено. Да не спомнуваме дека ќе бидете магнет за мажите, пишува minimagazin.

Евротип
Евротип
To Top