Новости

Мода и убавина

,,Oversized” пликови и големи чанти – Одново ИН на модната сцена

Во поглед на аксесоарите, секако дека релевантна улога играат чантите како моден додаток без кој навистина не се може. Целата модна приказна и воопшто целиот ден, дамите го носат во нивните чанти. Без црвениот кармин сокриен во нејзиниот џеб, можеби ТАА немаше да го освои идниот партнер, без резервните хулахопки можеби немаше да добие плус поени на деловниот состанок, без тајното оружје и грандиозниот ефект на маскарата, можеби…

Тоа се оние ситници кои едноставно како да се дел од кожата на дамите, па затоа овој моден детал го држи пиедесталното место.

Оваа есен обновениот ИН модел и тренд кој се бори да котира меѓу најдобрите, се големите или ,,oversized” плик чанти. Секако тука се и големите торби за на едно рамо кои исто така ,,фрапираат” со нивната предимензионираност. Низ следниве фотографии, погледнете за што зборуваме.

Евротип
Евротип
To Top