Новости

Патувањa

Авантуристите добија шанса да летаат од Ајфеловата кула

Од денска до 2 . јуни на Ајфеловата кула ќе се испробаат сите авантуристи кои не се плашат од летање на над 100 метри височина.

На Ајфеловата кула во Париз е поставен зип-лајн за сите кои се зависници од адреналин. Жицата е долга 800 метри и летот почнува од балконот на Ајфеловата кула и завршува на зградата на Воената академија , здание од 18. век.

Оние кои ќе се спуштат на жицата , ќе летаат над Паркот Марс , а летот ќе трае околу една минута со брзина од 90 километри на час. Оваа атракција е поставена во чест на 130 годишнината од иградбата на Ајфеловата кула.

Летањето ќе биде бесплатно , а ќе се бираат кандидати на самото место преку социјалните мрежи , а ваквиот лет ќе го испробаат само 260 летачи, кои ќе имаат неверојатна шанса да го видат Париз од поинаква перспектива.

Поставувањето на зип-лајнот е на иницијатива на минералната вода Перие.

GOLD
To Top